Барселона има кошмар во Италија

Барселона може да биде среќна што си замина непоразена од гостувањето кај Наполи и за реваншот на „Камп ноу“ носи позитивен резултат од 1:1. Шпанскиот првак беше во негатива од еден погодок на полувремето, но во вториот дел благодарение на погодкот на Гриезман стигна до 1:1.

Наполи потоа имаше уште неколку добри шанси за повторно да дојде до предност, но немаше промена на резултатот. Ремито може да се каже дека е и позитивен резултат за гостите затоа што Барселона како да заборавила да победува кога гостува во Италија на дуел од нокаут-фазата во ЛШ.

На последните шест меча против италијански ривали на Чизмата, Барселона има четири порази и само два нерешени дуели. Едноставно, како да има ѕид за Барселона во Италија. Колку и да не може да победат на овие гостувања, Барселона вечерва стигна до позитивни 1:1 затоа што на реваншот на свој терен доволно ќе им биде да одиграат дури и меч без погодоци, а би поминале во следната фаза од елитното натпреварување на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести