По заминувањето на Серхио Бускетс по 15 години од Барселона во Интер Мајами, се отвори голема дупка во одбраната на Каталонците“. Тренерот на клубот од „Камп ноу“, Чави Ернандес, има желба да го донесе фудбалерот на Фулам, Жоао Палиња, но ваквиот трансфер ќе биде тешко да се оствари.
Португалскиот репрезентативец има договор со Фулам до 2027 година и откупна клаузула од неверојатни 114 милиони евра. Токму превисоката цена е единствениот проблем за реализација на овој трансфер, со оглед на тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона.

