Барселона не може без него, ќе потпише нов петгодишен договор

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, ќе го продолжи договорот со каталонскиот гигант, најавува радиото „Кадена СЕР“. Челниците на клубот и фудбалерот ги договориле условите, но засега се чува во тајност. Се очекува ова официјално да биде потврдено по затворањето на јануарскиот преоден рок.

Алба се согласил да остане на „Камп ноу“ до јуни 2024 година, што само потврдува колку е важен овој играч во тимот. Бекот е „дете“ на Барселона. Од 1995 до 2005 година ги помина сите младински школи на клубот, но потоа си замина да игра во Корнеја, Валенсија и Химнастик. Во 2012 година, Алба се врати во Барселона и оттогаш речиси е незаменлив на левата бековска позиција. Со Алба во тимот, Барселона има освоено 13 трофеи.

Барселона вечерва го игра реванш-мечот од Купот на Шпанија против Севилја. Каталонците ќе ја имаат предноста на свој терен, но и негатива од два гола бидејќи Севилја по првите 90 минути славеше со 2-0.

 

- Оглас -

Најнови вести