Барселона не се секира премногу – И да не дојде Халанд имаат пеколен план

Во Барселона не се загрижени и да не успеат да го ангажираат Ерлинг Халанд, напаѓач за кого Борусија Дортмунд бара отштета од 180 милиони евра, што е недостижна во моментов за шпанскиот гигант.

Касата на Барса е празна, но од Каталонците се надеваат дека магијата на клубот и привлечноста да се игра за нив може да им помогне. Ако Халанд не ја засили Барселона, планот е да се обидат да го донесат Ромелу Лукаку на „Камп Ноу“.

Роланд Куман соработуваше со Белгиецот, беа заедно во Евертон, што е предност за Барселона во трката за Лукаку. Проблем пак се парите, бидејќи отштетата на опасниот белгиски репрезентативец е 120 милиони евра и Интер не сака да попушти.

И втората мета за Барса е кај Нероаѕурите, а веќе долго трае сагата со Лаутаро Мартинес. Негов голем адут во Барселона е Лионел Меси, со кого заедно играат во офазнивниот дел на репрезентацијата на Аргентина.

Мартинес се уште не го продолжил договорот со Интер, а отштетната клаузула му е околу 100 милиони евра. На списокот на Жоан Лапорта и раководството на Барса е и Хари Кејн, но тој е скап и ќе чини најмалку 150 милиони евра, а во Барселона се скептици и како ќе се снајде одличниот шпиц на Тотенхем во Ла Лига.

Се споменува и Пауло Дибала, уште еден Аргентинец, кој е на излезната врата од Јувентус, а засега најреална варијанта е да се ангажира Александер Исак од Реал Сосиедад.

Шведскиот репрезентативец е најевтин од сите на списокот со летни желби на Барселона, а игра одлично и знае како е да се настапува во шпанската лига.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести