Барселона по грешка го купи Лаказет, па го врати во Арсенал (Фото)

Мистериозно се појави и уште побрзо исчезна фотографијата на Александер Лаказет на официјалната страница на фудбалскиот клуб Барселона.

Навивачите на клубот забележаа дека беше истакната фотографијата на напаѓачот на Арсенал, па прашањето беше дали се случува сензационален трансфер, но потоа стана јасно дека некој погрешил, па содржината беше тргната.

Се подготвува ли официјална промоција на Антоан Гриезман или Барселона подготвува некакво друго засилување, но факт е дека погрешно беше избрана фотoрафијата на француски репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести