Барселона поради Пике го менува планот околу зимскиот шопинг

Голема е веројатноста Жарарт Пике повеќе да не игра за Барселона оваа сезона, а тоа го натера клубот да го промени планот околу зимскиот шопинг кој се наближува. Искусниот стопер ги оштети лигаментите во коленото во дербито против Атлетико Мадрид изминатиот викенд, па сега Каталонците разгледуваат опции на пазарот за доведување адекватна замена.

Ерик Гарсија од Манчестер сити е едно од потенцијалните засилувања за Барса во јануари, но веројатно клубот ќе се обиде да ангажира најмалку уште еден централен дефанзивец.

Сето тоа ќе оди на штета на тренерот Роналд Куман, кој за цел го постави потписот на Мемфис Депај, офанзивецот на Лион, кого се обиде да го доведе на „Камп ноу“ и изминатото лето.

Шпанскиот вицепрвак поради финансиски проблеми, ќе има скромен буџет за зимски ангажмани, па затоа Депај засега ќе остане само желба на Куман, додека приоритет мора да биде квалитетен стопер.

- Оглас -

Најнови вести