Барселона повторно очајна, Куман доби црвен картон, дали е тоа знак дека ќе си оди?

Уште еден разочарувачки меч одигра Барселона, и тоа на гостински терен кај Кадис, во меч од шестото коло на Примера дивисион. Каталонскиот гигант беше фаворит за победа, но на теренот гостите делуваа јалово. Играчите на тренерот Роналд Куман имаа доминација во посед на топка, но упатија само пет шута кон противничкиот гол, од кои само два беа во рамките на голот, но не завршија во мрежата, па затоа најреално беше да заврши 0:0.

За Барселона ова е трето реми сезонава и само со девет бода веќе има заостанување од седум бодови во однос на лидерот Реал Мадрид, но Каталонците имаат и меч плус за играње. Ако се знае дека Барселона загуби и од Баерн Минхен во Лигата на шампионите со 0:3, сè поголем е притисокот врз тренерот Куман за негово заминување од клупата.

На ова гостување, Барселона во последните 25 минути беше со играч помалку откако во 65-тата минута црвен картон доби Френки де Јонг. За Кадис ова е трет меч во низа како не губи од Барселона, откако минатата сезона дома славеше со 2:1, а на „Камп коу“ одигра 1:1.

Во последните моменти од мечот, Куман доби црвен картон, а токму ова исклучување на тренерот на Барселона може да значи и негово заминување од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести