Барселона сама дозволи да има драма против Алборг, но на крајот победи во продолженија

Барселона го победи Алборг со 37:32 во вториот полуфинален меч од ракометниот фајнл фор и ќе игра во утрешното финале во Келн против Фуксе Берлин од 18 часот. Многу драма имаше на овој меч, а победникот мораше да се добие дури по дополнителни 10 минути игра, откако во регуларниот дел, резултатот бепе 28:28.

Израмнето беше само во првите неколку минути од почетокот на мечот кога резултатот беше 4:4. Потоа следуваше низа од четири погодоци на Барселона за водство на каталонците од 8:4 по неполни 15 минути игра. Каталонскиот гигант го одржуваше ритамот, па стигна и до пет гола предност (11:6), а на полувреме, односно по 30 минути резултатот беше 15:11.

На почетокот на второто полувреме  Барселона поведе повторно со пет гола предност (17:12), но Алборг не се предаде, па во 46 минута Норвешаните намалија на само еден негатива (22:23), а во последните 10 минути резултатот беше 26:24 за каталонскиот гигант.

Алборг речиси цел меч ја бркаше негативата на противникот и на 90 секунди до крајот конечно стигна до нерешено 28:28, за драма во финишот. Резултатот не се смени и дуелот замина во продолжение.

Во продолжението Алборг поведе со 29:28, што беше нивно прво водство по тоа на стартот со 2:1. Алборг водеше и со 30:29, но потоа следуваше клучната серија на Барселона. Каталонскиот гигант постигна пет гола во серија, дел од нив беа на празен гол затоа што противникот често играше „седум на шест“ и тогаш беше јасно кој ќе победи.

Во утрешното финале Барселона ќе игра против германскиот Фуксе Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести