Македонскиот Халанд – Супер деби на дерби со гол на 16-годишна возраст

Дашмир Елези е еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, а попладнево дебитира за Шкендија на само 16 години и во првиот меч веднаш постигна и гол.

Во 45. минута тинејџерот успеа да погоди на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, па дебито на прволигашката сцена ќе го памети долго.

Елези успеа да ја исконтролира топката по центарушутот на Глишиќ и да ја затресе мрежата на гостите во последните моменти од првото полувреме.

Дашмир е стандарден член на македонската селекција за играчи до 17 години и еден од најголемите таленти кај нас.

Почетокот на дербито од 12. коло имаше невообичаен почеток, а се повреди главниот судија Димитар Мечкаровски, па беше заменет и продолжи како четврти судија.

- Оглас -

Најнови вести