13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Барселона уште должи над 100 милиони евра на други клубови

Пред почетокот на сезоната, Барселона продаде неколку играчи, но беспалтно остана и без Лионел Меси. Продажбата на Антоан Гриезман и останатите играчи донесе подобрување на финансиската ситуација во Барселона, но, сепак, тоа не значи и стабилна состојба на каталинскиот гигант.

Според последните пишувања, Барселона должи дури 115 милиони евра на други клубови за досега неисплатени трансфери. Каталонците на Јувентус му должат 39 милиони евра за трансферот на Миралем Пјанич, на Ливерпул треба да му бидат исплатени уште 13 милиони евра, додека Ајакс чека 48 милиони евра, и тоа 32 милиони за трансферот на Френки де Јонг, а 16 милиони евра се за трансферот на Сержињо Дест. Останатите 15 милиони евра се за помали трансфери на други играчи.

Барселона има рок до 2024 година да ги исчисти сите овие финансиски обврски.

 

- Оглас -

Најнови вести