Барселона загуби, но сите чекаат потврда за најрадосната вест за ова лето

Барселона загуби во пријателски меч од австрискиот Салцбург со 2:1, но тоа воопшто нема да биде важно ако се реализира тоа што се најавува вечерва. Шпанските медиуми најавуваат дека Меси вечерва се враќа во Барселона и веќе утре треба да го стави потписот на новиот петгодишен договор со каталонскиот гигант.

Меси моментно е слободен играч, но сите се во исчекување на потврдата за останување на Аргентинецот на „Камп ноу“. Официјално новиот договор на Меси треба да биде промовиран на 8 август, кога се игра и дуелот против Јувентус во Купот „Жоан Гашпарт“.

- Оглас -

Најнови вести