Барселона ја брани Ла Лига: Не сакаме викенд-натпревари во Лигата на шампионите

Хозеп Марија Бартомеу се изјасни во име на Барселона, а Каталонците се против идејата натпреварите во Лигата на шампионите да се играат за време на викендите.

„За нас Ла Лига е многу важна и ќе сториме сè за да ја заштитиме. Шпанското првенство е едно од најдобрите на планетата и ќе сториме сè за да остане така“, вели Бартомеу во интервју за германскиот „Зидојче Цајтунг“.

Првиот човек на Барса вели дека сегашниот систем не треба да се менува. Натпреварите од домашните првенства да продолжат да се играат за викендите, а дуелите од Лигата на шампионите во текот на останатите денови или како сега во вторник и среда.

 

- Оглас -

Најнови вести