БАТЕ ќе го освои белорускиот куп

Мајнц – Лајпциг (фудбал, Германија, 15.30 часот)

Лајпциг е во серија од три нерешени резултати по ред, минатото коло одиграа 1-1 дома со Фрајбург, а и Мајнц е тим кој често игра нерешено, тоа го направи и пред една недела против Келн на гости. Во минатата сезона, Мајнц дома одигра 3-3 против Лајпциг, но сигурно уште им е во свежо сеќавање гостувањто кај Црвените бикови во ноември, кога загубија со 0-8.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.81)

 

Келн – Фортуна Диселдорф (фудбал, Германија, 18.00 часот)

И ова е пресметка на два тима кои рестартот на сезоната го почнаа со реми и освојување на по еден бод. Фортуна повеќе од 30 години не знае за победа во Келн, но на тој стадион нема гостувано од 2013 година. Последните четири дуели на овие тимови во Келн завршија со 0-2 гола, а есеноска во Диселдорф беше 2-0 за Фортуна.

Предлог тип: Х (3.75)

 

Динамо Брест – БАТЕ Борисов (фудбал, Белорусија куп, 16.00 часот)

Финалето на белорускиот Куп се игра во Минск, што значи на неутрален терен, бидејќи финалистите не се од главниот град на оваа земја во источна Европа. Двата тима имаа незгодни полуфиналиња во кои еден гол плус или минус решаваше за патниците во битка за трофејот. БАТЕ е во добра форма, шест победи по ред, а последната, пред четири дена, токму против Динамо Брест од 3-1 и тоа како гостин.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

Аргир – ХБ Торшавн (фудбал, Фарски острови, 16.00 часот)

Гостите се големи фаворити на хартија и малата квота за двојка треба да се искомбинира со уште нешто. Аргир во првите две кола не даде гол, но има еден бод, а Торшавн славеше двапати и има гол разлика 4-1. Аргир дома нема знае за победа уште од август 2019 година, додека Торшавн има низа од осум победи по ред на гостувањата кај денешниот противник.

Предлог тип: 3-4 гола (2.25)

 

Алашкерт – Ноа (фудбал, Ерменија, 15.15 часот)

Алашкерт со победа би се искачил на второ место, а Ноа се бори за влез во плејофот. И да загубат, гостите ќе останат на шесто место кое води во разигрувањето. И во Ерменија се игра без публика, ова им е прв меч после паузата. Алашкерт беше доста ефикасен на контролните средби, но и Ноа има низа од три победи, од кои една лигашка. Ноа нема дадено гол на четири гостувања кај Алашкерт.

Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.50)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести