Легендарниот поранешен аргентински напаѓач Габриел Батистута во интервју за „Газета дело Спорт“, рече дека очекува во финалето на Светското првенство да играат неговата Аргентина и Франција, што би било реприза на финалето од претходниот Мундијал.
„Едно е да играш во групната фаза, сосема друго кога играш за пласман понатаму или да се вратиш дома. Аргентина е светски шампион, но играчите играат како да не освоиле ништо. Токму тоа ги прави толку силни“, вели популарниот Бати-гол.
Тој даде и своја прогноза за финалето на СП 2026.
„Две години повторувам дека финалето ќе биде помеѓу Аргентина и Франција и не го менувам моето мислење. Пред првенството, кажав дека ќе требаат 9-10 гола за да бидете најдобар стрелец на турнирот и очигледно бев во право. Но, ова е Светско првенство и на голмани. Како деца во двор, сите сакавме да бидеме напаѓачи или голмани“, додаде 57-годишниот Аргентинец.

