Баутиста Агут стана експерт за победи во пет сета

Откако ги елиминираше Енди Мареј и Џон Милман со 3:2 во сетови, шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут и против Марин Чилиќ триумфираше во пет сета, за пласман во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија. Само против Карен Хачанов, Баутиста не играше пет сета на годинешниот Австралијан опен.

Следен противник на Баутиста ќе му биде Роџер Федерер или Стефанос Циципас. Хрватот Чилиќ кој лани беше финалист во Мелбурн, во претходното коло се мачеше со Фернандо Вердаско кога губеше со 0-2 во сетови, но против другиот Шпанец со кој губеше 1-2, го загуби петтиот сет. Од Шпанците, понатаму оди и Рафаел Надал.

Баутиста Агут првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на еден гренд-слем.

- Оглас -

Најнови вести