Баварците со „петарда“ во мрежата на Келн го прославија 121-виот роденден (видео)

Баерн Минхен на рутински начин им се врати на победите во Бундеслигата со убедливите 4-1 против Келн во мечот од 23-тото коло. Европскиот првак со сигурен триумф го прослави 121-виот роденден од формирањето на најуспешниот германски клуб, во кој блескааа Горецка и Левандовски.

Полскиот бомбардер стигна како двоен стрелец на средбата стигна до 28 погодоци во германското првенство во својот 22-ри настап, додека пак Горецка на трипати беше асистент така што му намести еден гол на Чупо-Мотинг во 18-тата минута, а потоа и на Левандовски во 33-тата минута.

Јарците на стартот од второто полувреме намалија на 2-1, но потоа Левандовски донесе нова двојна предност, а конечниот резултат го постави Гнабри со два погодоци во 82-та и 86-тата минута. Баерн така се зацврсти на врвот на табелата со 52 бода, пет повеќе од Лајпциг кој има и натпревар помалку.

Во меѓувреме, Дортмунд исто така беше убедлив со 3-0 против Арминија Билефелд, Штутгарт беше подобар од Шалке со 5-1, додека Волфсбург славеше против Херта со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести