Баварците со специјални дресови за 120-от роденден (фото)

Баерн Минхен во недела ќе го пречека тимот на Аугзбург во рамки 25-тото коло во Бундеслигата. Актуелниот германски првак тој ден ќе слави јубилеј, односно 120-ти роденден од основањето на најуспешниот клуб од тие простори, па за оваа пригода „Адидас“ подготви специјални дресови со кои ќе настапат Баварците.

Дресот е доста специфичен и со невообичаени бои кога се работи за униформа која се носи на домашните мечеви. Речиси целиот е во бела боја, додека ракавите се бордо. Клупскиот грб и името на генералниот спонзор се речиси невидливи бидејќи и тие се од бела боја. Инаку, ретро-варијантата е инспирирана од шампионската сезона 1931/32, кога Баерн првпат ја освои титулата, а потоа нареди уште 28 во своите витрини.

- Оглас -

Најнови вести