Базел се прошета, Вулверхемптон после 48 години е во европско четвртфинале

Шахтар – Базел, Вулверхемптон – Севилја, Манчестер јунајтед – Копенхаген и Интер – Баер Леверкузен се четвртфиналните двојки во Лига Европа. Сите парови се комплетираа вечерва, откако Базел и Вулфс со победи од по 1-0 ги елиминираа Ајнтрахт односно Олимпијакос.

Швајцарски Базел немаше проблем со Германците, откако првиот меч на гости го доби со 3-0. Вечерва Базел славеше со 1-0, со гол на Фрај после убава акција, кога домашните се прошетаа низ одбраната на тимот од Франкфурт. Базел дома има серија од седум победи по ред во мечевите од Лига Европа, па за нив не е баш убаво што завршницата (од четвртфинале до крај) ќе се игра не неутрален терен во Германија.

На „Молињу“ во Вулверхемптон, домашните се провлекоа против Олимпијакос. Грците после примениот гол од пенал (голот беше дело на Раул Хименес) се обидуваа да израмнат, имаа голем број шанси и шутеви кон голот, но не успеаја да погодат. Им беше поништен и гол со сомнителна одлука од ВАР собата. Вулверхемптон после дури 48 години ќе игра во четвртфинале на едно европско клупско натореварување.

- Оглас -

Најнови вести