Бејтулаи: Го респектираме Косово, но нашата цел е пласман на ЕП

Егзон Бејтулаи се надоврза на ова што веќе е јасно и истакнато од претходно, а тоа е да се издвои победа против Косово за да се направи исчекор кон историскиот пласман на ЕП, кој толку многу го посакуваме. Националниот тим на Косово заслужува респект, но составот со кој располага селекторот Ангеловски добро се знае меѓу себе и со максимален фокус е упатен кон остварување на целта.

„Дојде денот да се собереме пред еден од најважните дуели за оваа репрезентација. Ни недостасуваат уште неколку играчи кои треба да се приклучат на подготовките за да бидеме комплетни. Нашите очекувања се пласман на Европското првенство, а за да ја оствариме нашата цел, треба да го дадеме максимумот. Имаме добар тим, група играчи кои долго време играме заедно во репрезентацијата и на сите ни е јасно која е нашата задача. Сите сме професионалци и сме свесни за тежината на предизвикот, така што тоа нема многу да влијае врз нашиот настап. Го респектираме Косово, но имам верба дека ќе издвоиме резултат во наша полза“, истакна Бејтулаи.

Натпреварот Македонија – Косово, кој ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, е закажан за 8 октомври, со почеток во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести