Бекам чекаше наследник цели 11 години и вредеше за ваков гол (Видео)

Дејвид Бекам конечно си дочека наследник по цели 11 години, а со прекрасен волеј и гол Ешли Јанг е првиот Англичанец што постигнал гол на стадионот во Милано.

Јанг ја затресе мрежата на Бреша во петтата минута и најави убедлив триумф на Интер, а и го наследи Бекам, кој е последниот англиски фудбалер со погодок на „Сан Сиро“ или на „Џузепе Меаца“ од јануари 2009, кога како играч на Милан ѝ даде гол на Џенова.

https://twitter.com/KingOleee/status/1278387366541942784?s=20

По Јанг, за Нераѕурите погодуваа и Алексис Санчес од пенал, Д`Амброзио, Гаљардини, Ериксен и Кандрева, па Интер славеше очекувано и убедливо против последнопласираниот тим во Серија А. Ова е и највисока победа на третопласираниот тим сезонава во Серија А.

Вториот меч што се играше од 19.30 часот меѓу Болоња и Калјари заврши нерешено 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести