Бекам откри кој е најдобриот со кој што играл, само нему би му отстапил слободен удар во 90-та минута

Англиската фудбалска легенда, Дејвид Бекам, во својата богата играчка кариера имаше прилика да игра заедно со многу големи ѕвезди, но без размислување одговори кој е најдобриот негов соиграч што го имал.

„Ако те изземам тебе, најдобар е Зидан“ – му одговори Бекам на Гери Невил.

Бекам кој сега е еден од газдите на клубот од американската МЛС лига Интер Мајами, во богатата кариера играше со фудбалски ѕверки како Кантона, Гигс, Сколс, Роналдо, Фиго, Раул, Ибрахимовиќ, Роналдињо, но изборот му падна на Зидан.

Потоа Невил го праша Бекам кому би му дал да шутне слободен удар во 90-та минута, ако тој самиот се изземе. И тука одговорот на Бекам беше Зидан.

 

- Оглас -

Најнови вести