Бекам: Пред СП сите зборуваат за големите, но мене една друга селекција ми е фаворит

Англиската легенда Дејвид Бекам, кој е амбасадор на Светското првенство во Катар, типува на Данска како тим кој од сенка може да направи големо изненадување на Мундијалот во ноември и декември.

Данска имаше перфектни квалификации, а Данците својата сила ја покажаа и завчера, кога со 3-0 ја надиграа Србија во пријателски меч.

„Кога се зборува за фаворити на СП, автоматски зборуваме за Бразил, Аргентина, Франција, големите репрезентации кои освојувале доста турнири, но за мене, Данска може да биде освежување, многу сакам да ги гледам. Добро се подготвени и секогаш играат добро на големите натпреварувања“, вели Бекам.

- Оглас -

Најнови вести