Бекам се нервира, Интер експресно испадна со три порази (Видео)

Дејвид Бекам немаше многу среќа на стартот на новиот проект што го предводи со формирањето на Интер од Мајами бидејќи клубот веднаш испадна во првата фаза од натпреварите во МЛС-лигата.

Попладнево американските интераши загубија од Њујорк сити со 0:1 и со три порази во три меча завршија на последното место во фазата по групи.

Со тоа и испаднаа од трката за титулата која ќе ја продолжат Орландо сити и Филаделфија од групата и можеби Њујорк сити, ако биде меѓу четирите најдобри третопласирани екипи од вкупно шест што се во конкуренција.

Стрелец на победничкиот гол што ги елиминира Бекам и неговиот Интер Мајами беше либискиот репрезентативец Исмаел Таџури во 64-тата минута.

Inter Miami 0-[1] NYCFC – I. Tajouri-Shradi 64′ from soccer

Во МЛС-лигата по рестартот на почетокот на овој месец веднаш почнаа натпреварите од плејофот, а играат 24 екипи поделени во шест групи.

Првопласираните две екипи ќе се пласираат во осминафиналето, заедно со уште четири од шест најдобри третопласирани тимови, а потоа се игра по нокаут-систем на елиминации сè до финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести