Бекам цел живот го крадел имиџот на Бобан (Фото)

Дејвид Бекам, можеби најголемата модна икона од светот на спортот во последните 25 години, е човек кој всушност во фризурите само го копирал Звонимир Бобан. Дејвид, кој е роден во Лондон, постојано низ кариерата го копирал имиџот на Звоне, кој е дете од гратчето Имотски, а голем дел од кариерата мина во Милано, еден од главните модни центри во светот.

Дали со патец на средина, фатена коса во опавче, војнички кратко, не е важно. Важно е дека откако Бобан ќе го направеше тоа, по некое време истата фризура ја имаше и Бекам.

Бобан сега има 51 година и со Милан освојуваше трофеи во ЛШ и Серија А, додека Бекам, кој сега е 44-годишен, тогаш ја почнуваше кариерата. Подоцна и Бекам освојуваше трофеи, не толку како Бобан, но стекна огромна планетарна популарност, а по стапувањето во брак со „Пош спајс“ Викторија, тој стана човек што ги диктираше трендовите и многумина го копираа.

Но, ништо не може да остане сокриено, најдени се докази дека и Бекам копирал некого.

- Оглас -

Најнови вести