Бекер со новата девојка гледаше како Ѓоковиќ го прегази Андерсон

Новак Ѓоковиќ само за 100 минути игра го порази Кевин Андерсон со 6-3, 6-3, 6-3 и се пласира во третото коло на Вимблдон. Оваа маестрална игра на светскиот рекет број 1 од трибините ја проследи и некогашниот тренер на Србинот и најмлад освојувач на Вимблдон, Германецот Борис Бекер.

Бекер во Лондон се појави со својата нова девојка Лилијан де Карваљо, која е политички аналитичар. Тие извесно време се во врска, но ова е првпат заедно да се појават во јавност и затоа привлекоа внимание.

Бекер има два брака зад себе, а пред да биде со Лилијан, тој беше во врска со 20 години помлада девојка. Инаку, изгледа прв услов за некоја жена да му биде девојка или сопруга е таа да биде од црната раса. Има едно дете и со една руска келнерка, но со неа не беше оженет, дури и негираше дека детето е негово, иако призна дека имале секс во тоалетот.

- Оглас -

Најнови вести