0.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Беќири и Зејнулаи едногласни: „Ќе сториме сè за нов европски успех“

Шкендија по победата над Шелбурн во лигашкиот дел од Конференциската лига ја очекува нов домашен предизвик, наречен Јагелонија. Противникот, според лигата од која доаѓа, можеби е во предност, но во Шкендија веруваат во нов успех на европска сцена.

„Го анализиравме противникот. Јагелонија е силен тим кој доаѓа од првенството на Полска, можеби се мали фаворити на хартија, меѓутоа ние по традиција играме добро на Арената во Скопје. Веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Мислам дека Јагелонија е и поквалитетен ривал од Шелбурн, според карактеристиките има поголеми сличности со Шкендија, па ќе се потрудиме да извлечеме максимум и од овој меч“, рече тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

Слично како тренерот размислува и фудбалерот на актуелниот шампион на Македонија, Арбин Зејнулаи.

„Се подготвувавме квалитетно, ја анализиравме Јагелонија, се работи за силен тим, но веруваме во нашите квалитети и ќе сториме сè за да стигнеме до нов успех“, вели фудбалерот на тетовските „црвено-црни“, Арбин Зејнулаи.

- Оглас -

Најнови вести