Бекот на Зеленортски острови го даде најубавиот гол на турнирот и тоа против Аргентина (Видео)

Најубавата фудблска приказна на СП 2026 и дефинитивно е селекцијата на Зеленортски острови. Малку кој знаеше нешто повеќе за дебитантот на Мундијалите, но оваа мала земја на теренот покажа дека со срце, желба, но и квалитет  и знаење, може да се биде рамноправен ривал на секого.

Во четири меча што ги одигра на турнирот, Зеленортски острови ниту еднаш не загуби, а играше против два поранешни светски прваци и против актуелниот планетарен владетел. Зеленортски острови најпрво одигра 0:0 против Шпанија, потоа следуваше ремито 2:2 против Уругвај, а на крајот од групната фаза, одигра без голови против Саудиска Арабија и го освои второто место во групата.

Во ноакутфазата, Зеленортски острови ја доби Аргентина. Многумина мислеа дека Гаучосите лесно ќе се справат со дебитантот, но не беше така. По 90 минути беше 1:1, а во дополнителните 30 минути, Аргентина откако поведе со 2:1 следуваше фантатичен одговор од Зеленортски острови.

Дефанзивецот на Зеленортски острови Лопес Кабрал продре од левата страна и пото изненадувачки шутираше од работ на шеснаесетникот. Топката беше пласирана во голот на Аргентина, а Мартинез беше немоќен за 2:2. Овој спектакуларен погодок на играчот кој настапува во турски Трабзон дефинитивно е најубав во досегашниот дел од Мундијалот.

За жал на Зеленортски острови, во 111 минута тие си дадоа автогол и Аргентина со 3:2 се пласираше во осминафиналето на СП.

- Оглас -

Најнови вести