Белами со необичен пристап пред мечот на Велс со БиХ: Гледав филм за војната на Балканот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крег Белами, е познат по својот темелен пристап за подготовка на мечевите, но и по неговиот помалку необичен начин да се запознае подобро со противникот. Некогашната ѕвезда на Ливерпул и Манчестер сити поминува многу часови за анализа на ривалите, детално ги проучува сите детали, но тој е поразличен од останатите поради тоа што неговото интересирање за противникот ги надминува спортските граници.

Пред утрешниот бараж за пласман на СП2026 меѓу Велс и Босна и Херцеговина, Белами откри дека гледал филм за војната на Балканот.

„Гледав филм за војната на Балканот. Сакам да видам кои се тие, од каде доаѓаат. Тоа го правев и пред мечевите со Казахстан, Лихтенштајн… Морам да знам кои се тие. Секако дека тоа не ми дава некоја директна тактичка предност, тоа е само за мене лично. Сепак, ме интересира каде е роден нивниот селектор, каков му е начинот на размислување“, рече Белами.

Селекторот на Велс додаде дека многу сака историја, географија и фудбал и дека сето тоа се вклопува заедно. „Благодарение на тоа што го учам, подобро ги познавам луѓето и имам целосно поинакво почитување кон нив. Се релаксирам кога читам, гледам и учам за историја или географија“, додаде Белами.

Велс е репрезентацијата која во последното коло од квалификациите за СП 2026 година со убедливи 7:1 ја победи Македонија, а сега за противник има нов ривал од Балканот, тоа е Босна и Херцеговина.

- Оглас -

Најнови вести