И најдобрите имаат свои слаби точки, а кај Лионел Меси пеналите се негова слаба страна на Светските првенства, што се потврди и денеска против Египет.
Меси стана рекордер по бројот на изведени пенали на Мундијалите. Од осумте (не се сметаат оние во пенал-серии), Лео утна дури четири. Освен Меси, повеќе од еден пенал на СП промашил само уште Асамоа Гијан со два.
Во споредба со него, Хари Кејн има 6 гола и една утка, Кристијано Роналдо 4-1, Батистута и Еузебио по 4-0.
Меси на ова СП утна пенал и против Австрија, па сега е единствен играч во историјата со два нереализирани пенали на едно исто Светско првенство.

