Белгиската фудбалска асоцијација објави соопштение во кои изрази зачуденост и шок од одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на напаѓачот САД, Фоларин Балогун, и тој да има право да игра на натпреварот САД – Белгија утревечер, иако доби црвен картон на претходниот меч што повлекува автоматска суспензија.
ФИФА ја базира својата одлука врз член од Дисциплинскиот законик во кој Дисциплинскиот комитет на ФИФА може да одлучи да го суспендира спроведувањето на некоја казна. Сепак, друг член од истиот Дисциплински правилник јасно се предвидува дека црвен картон автоматски резултира со суспензија за следниот натпревар на тимот, како што беше случај за сите претходни црвени картони.
„Со цел да се заштитат легитимните права на сите екипи учеснички и да се зачуваат основните принципи на фер-плеј во нашиот спорт, како на ова Светско првенство, така и на идните изданија, Белгиската федерација ги истражува сите потенцијални опции“, објавија Црвените ѓаволи.
Одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата, исто така, наиде на одѕив во Белата куќа, откако претседателот Доналд Трамп ја пофали ФИФА за „исправување на голема неправда“.

