Белоруска мајсторија, играч на БАТЕ Борисов даде гол од корнер (Видео)

Еден од најпознатите белоруски фудбалски клубови во европски рамки, БАТЕ Борисов, денеска како гостин го победи Минск со 3-0 во дуел од домашниот шампионат, а средбата ја одбележа прекрасниот гол на Павел Нехајчик. Тој ги постави конечните 3-0 со гол од корнер. Нехајчик го изведе ударот од аголот и го измами голманот на домашните Артем Леонов, па постигна гол каков ретко се гледа.

Инаку, денеска БАТЕ прослави 24-годишнина од своето постоење.

- Оглас -

Најнови вести