Белоруски клуб стана многу популарен во светот, и тоа поради името

Љубителите на фудбалот во некои земји во кои се зборува англиски, особено во Австралија, имаат нов фаворит, белорускиот клуб Слуцк. Во време кога во Европа фудбал се игра само во Белорусија, белоруската лига стана позната во светот, фанатиците почнаа да го следат тоа првенство.

За пошироката јавност, најпознати клубови од Белорусија се БАТЕ Борисов и Динамо Минск, а сега на листата на популарност скокна и Слуцк. Причина што некои Австралијци почнаа да навиваат за овој клуб е неговото провокативно име. На латиница, клубот се пишува Slutsk, а на англиски, Slut е израз за дами со низок морал. Во Австралија е отворена фејсбук-група на поддршка за Слуцк и на страницата може да се најдат фотографии и монтажи со шеговита содржина.

Таа група набрзина доби илјадници членови од сите страни на светот, а се зачлениле и фудбалерите на тимот.

- Оглас -

Најнови вести