Белоруски репрезентативец уапсен, учествувал на протестите против Лукашенко

Антон Сарока, фудбалерот на БАТЕ Борисов и белоруски репрезентативец, заврши во притвор откако беше уапсен на протестите против претседателот Александар Лукашенко. Револтот во Белорусија по претседателските избори на кои победа извојува „вечниот претседател“ Лукашенко е голем, па и Сарока протестирал, но наместо да тренира и да игра со БАТЕ, сега е зад решетки.

Сарока, кој е роден во Минск, беше во масата протестанти кои на 11-ти август се судрија со полицијата, тензиите траат неколку дена, а меѓу оние 5.000 луѓе кои беа уапсени, има и други спортисти. Покрај Сарока, приведени се и хокеарот на Динамо Молодечно, Илја Литвинов и ММА борецот Алексеј Кудин, а Литвинов веќе е пуштен на слобода.

- Оглас -

Најнови вести