Белоти го нокаутира Милан за четири минути

Андреа Белоти го нокаутира грогираниот Милан со два гола за четири минути и му донесе победа на Торино од 2:1 во последниот меч од петото коло во Серија А.

Гостите од Милано доминираа во првото полувреме и со голот од пенал на Пјонтек поведоа со 1:0. Потоа се случи голем пресврт, а му кумуваше Белоти.

Во 72-рата минута италијанскиот репрезентативец ја погоди мрежата на Донарума по асистенцијата на Ринкон, а само 240 секунди подоцна, повторно погоди, овојпат атрактивно со ножички за победа од 2:1.

Финишот беше драматичен, а шанси имаа и Заза за Торино, но и Кеси и Пјонтек за израмнување, но остана 2:1 за домаќините.

Торино со 9 бода сега е на шестото место, а Милан е 13-ти со 6 бода.

- Оглас -

Најнови вести