Бенфика остана без човекот за трофеи – Фејса ќе игра за Алавес

Љубомир Фејса, човекот за трофеи, кој беше таличен за Партизан, Олимпијакос и Бенфика и во својата колекција има 11 шампионски круни во последните 12 сезони, си замина од Лисабон и ќе игра за Алавес.

Фејса ќе настапува за баскискиот клуб како позајмен играч од Бенфика, а има неверојатна приказна. Почна да игра фудбал во Хајдук Кула, а потоа во три сезони со белградскиот Партизан трипати беше шампион.

Потоа се пресели во Атина и црно-белиот дрес на Партизан го замени со црвено-белите симболи на Олимпијакос, а жетвата на шампионски пехари продолжи. Во три сезони со Фејса во составот, популарниот Оли ги освојуваше титулите во Грција, но сепак му дозволи на играчот од средниот ред да замине во Бенфика.

Популарните Орли го имаа најдолго во своите редови таличниот играч, а со Фејса освоија пет шампионски круни во последните шест сезони. За да биде комплетна приказната, вреди да се истакне дека 31-годишниот фудбалер има уште 11 пехари, најголем дел во домашните купови и играше едно финале во Лигата на Европа на УЕФА со Бенфика во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести