Бенитес даде прогноза за осминафиналето Интер – Ливерпул

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитес, кој во својата богата кариера ги има водено Интер и Ливерпул, смета дека англискиот тим е благ фаворит во овој двобој од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Црвените, со кои Бенитес ја освои европската титула, в среда во првиот меч гостуваат во Милано кај актуелниот италијански првак.

„Заради силата на Премиер лигата, би рекол дека шансите се 51-49 за Ливерпул. Мечот ќе биде многу порамноправен отколку што мислат многумина. Интер не е случајно меѓу 16-те најдобри. Тие секогаш знаат што прават на терен и одлично ги користат грешките на противниците”, изјави Бенитес.

Според Рафа, шемата 3-5-2 може да биде проблем за Ливерпул бидејќи не е навикнат да игра против таква формација. Ливерпул игра со офанзивната и агресивна 4-3-3, па тимот што ќе ја држи топката подолго ќе оди понатаму, прогнозира Бенитес.

- Оглас -

Најнови вести