Бензема може да заврши во затвор – подигната кривична постапка за Французонот

Француското обвинителство подигна барање за кривична постапка против Карим Бензема. Ѕвездата на Реал Мадрид е обвинет дека е дел од групата која учествувала во обид за уцена, а доколку се прогласи за виновен, може да заврши во затвор.

ВО 2015 година, Бензема заедно со Џибрил Сисе беа приведени откако беше пријавено дека го уценувале соиграчот од репрезентацијата Матие Валбуена. Бензема и сисе во телефонот на Валбуена пронашле секс снимка со непозната жена и решиле да го уценуваат. Бензема бил еден од водачите на операцијата за уцена во која Валбуена требало да исплати поголема сума на пари.

Целата уцена била откриена, а Бензема поради овој скандал го загуби местото во француската репрезентација. Сега Бензема може да заврши и зад решетки.

 

- Оглас -

Најнови вести