Бензема покажа колку значи за Франција, Роналдо го изедначи светскиот рекорд на Али Даеи!

Додека Унгарија и понатаму води со 1-0 на гости кај Германија и има резултат кој ги носи понатаму, во главниот град на Угарија, Будимпешта, има голеада, Франција и Португалија играат 2-2 на половина час до крајот.

Карим Бензема речиси по 6 години, повторно даде гол за Франција, и тоа не еден, туку два. Кај Португалија, двата гола ги даде Кристијано Роналдо, двата од пенали, со што тој се изедначи со Иранецот Али Даеи по бројот на голови за репрезентација. И Роналдо и Даеи имаат по 109 погодоци за своите селекции и го делат светскиот рекорд. Роналдо вечерва стана и прв играч со 20 гола на европски и светски првенства.

- Оглас -

Најнови вести