Бензема се сели во Саудиска Арабија, но договорот нема да го потпише со фудбалски тим

Карим Бензема по завршување на неверојатната 14-годишна одисеија во Реал Мадрид, во наредните две години ќе игра за Ал-Итихад, но договорот нема да го потпише со фудбалскиот тим, туку со Министерството за спорт на Саудиска Арабија, објави „Ас“.

Бензема во наредните две сезони ќе заработи 200 милиони евра, а Министерството за спорт веднаш по потпишување на догоговорот, ќе го испрати Французинот да игра за Ал-Итихад. Бензема треба да го предводи Ал-Итихад во азиската Лига на шампионите.

Според весникот „Ас“, кој ја објави оваа информација, следна цел на Министерството за спорт за Саудиска Арабија ќе биде да потпише договор со Лионел Меси кој треба да го засили третиот голем тим во оваа земја, Ал-Хилал, градскиот ривал на Ал-Наср за кого настапува Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести