Бензема со гол се прости од Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид одигра 1:1 пред своите гледачи на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетик Билбао во последното 38-мо коло во Ла Лига.

Последниот меч во Кралскиот дрес го одигра Карим Бензема, кој потврди дека по 14 години си заминува од Реал Мадрид, и од навивачите се прости со гол. Бензема во 72-та минута од пенал постигна гол со кој Реал дојде до израмнување, а овој резултат (1:1), на крајот се покажа како конечен. Претходно, Атлетик поведе преку Сансет.

Бензема кариерата би требало да ја продолжи во Саудиска Арабија и тоа во екипата на Ал-Итихад.

Бензема по завршување на натпреварот заврши во рацете на своите соиграчи.

Реал Мадрид сезоната ја заврши на второто место на табелата, со еден бод повеќе од градскиот ривал Атлетико Мадрид, кој исто така одигра нерешено (2:2) и тоа на гости кај Виљареал.

Сезоната со победа ја завршија Реал Сосиедад кој славеше со 2:1 против Севиља, Мајорка која со 3:0 го совлада Рајо Ваљекано и Осасуна која беше подобра од Жирона со 2.1.

- Оглас -

Најнови вести