Беше еден од најдобрите дриблери на светот, сега му попушти колкот и мораше на операција

На ортопедската клиника на Бањица во Белград успешно е опериран Драган Џајиќ, една од големите легенди на југословенскиот фудбал.

Вчера Џајиќ бил примен со проблеми на колкот и, за среќа, според информациите од болницата е во стабилна состојба, а зафатот што го изврши директорот на Клиниката доктор Зоран Башчаревиќ е успешен.

Џајиќ имаше многу богата и успешна фудбалска кариера од 1963 до 1978 година, а играше само за Црвена ѕвезда и за Бастија.

Познат како опасен дриблер, сега 76-годишниот Џајиќ во својата фудбалска доба беше едно од најдобрите крила на светот.

Потоа беше и функционер во Црвена ѕвезда, клуб што му е матичен и во кој ја почна кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести