Беше ли Јувентус оштетен? ВАР не се „јави“, а Милан даде гол (Видео)

Милан и Јувентус играат 1:1 по првото полувреме на „Сан Сиро“, во првото големо дерби во Серија А за 2021 година. Гостите први постигнаа гол и тоа преку Кјеза и одличната асистенција на Пауло Дибала. Погодкот на Јувентус може да го го видите ТУКА.

Гостите беа во предност со 41 минута, кога Калабрија погоди за Милан и израмни на 1:1. Гостите се бунеа дека неколку секунди пред Росонерите да израмнат, имало фаул од Калханоглу врз Рабио. Сепак, судијата не досуди ништо, Јувентус ја загуби топката, а Милан од контра напад постигна гол за 1:1.

Погледнете ја ситуацијата и проценете дали имаше фаул врз Рабио.

https://streamable.com/xq1nfi

Откако судијата не досуди фаул за Јувентус, Милан во контранапад израмни на 1:1, а погодокот може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести