Беше меѓу најскапите играчи на светот, сега дојде бесплатно во Елче

Хавиер Пасторе е нов член на шпанскиот прволигаш Елче и ќе игра во Ла Лига, откако како слободен играч Рома му дозволи без отштета да се пресели во новиот клуб.

Пасторе пред точно 10 години го направи еден од највредните трансфери во тој период и за сума од околу 40 милиони евра прејде од Палермо во Пари Сен Жермен.

Елче сега го доби бесплатно, односно не и плати отштета на Рома, бидејќи членот на Серија А не сметаше веќе на Аргентинецот.

Пасторе има 32 години, во Елче се надеваат дека се уште може да игра на врвно ниво и дека ќе може да им помогне да изборат опстанок во Ла Лига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести