Беше страв и трепет за голманите во Премиер лигата, сега работи во кафуле во Загреб

Некогашната ѕвезда на Лидс и Премиер лигата, австралискиот напаѓач со хрватско потекло Марк Видука, по завршувањето на играчката кариера, не ужива во луксуз, туку сега 44-годишниот ексфудбалер работи во загрепско кафуле.

Видука беше еден од најдобрите напаѓачи, особено опасен беше во играта со глава, а врвот го достигна како играч на Лидс, во тандем со Хари Кјуел. Во дресот на Лидс, Видука даде 59 гола на 130 меча. Таму дојде од Селтик, а во Шкотска даде 30 гола на 37 настапи

„Се трудам да направам што е можно подобро кафе. Мислам дека станав доволно добар во оваа работа. Ме изненадува како погрешна услуга влијае на клиентите. На луѓето им е важно да испијат кафе. Не сум тип кој сака цело време да биде по медиумите, се чувствувам непријатно кога давам интервју. Немам профили на социјалните мрежи“, изјави Видука, кој е роден во Мелбурн, а има играно за Мелбурн најтс, Динамо Загреб, Селтик, Лидс, Мидлсброу и Њукасл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести