Бешикташ е шампион на Турција!

Бешикташ славеше со 2-1 на гостувањето кај Гезтепе на Адис Јаховиќ, и ја освои шампионската титула во турската Суперлига. Ист број бодови како Црно-белите имаше и Галатасарај кој вечерва победи со 3-1 против Јени Малатијаспор, иако гостите имаа 1-0 на полувреме. Победа со пресврт направи и Фенербахче, но тоа беше доволно само за трето место, и заостанување два бода зад ривалите.

Завршницата беше спектакуларна, но со среќен крај за Бешикташ, чиј меч заврши малку подоцна од тој на Галатасарај. Со 21 титули, Бешикташ и натаму е трети најтрофеен клуб после Фенер кој има 28 и Галата со 23.

- Оглас -

Најнови вести