Бешикташ и Антверпен ќе бидат немилосрдни кон гостите

Вулверхемптон – Манчестер сити (фудбал, Англија, 20.45 часот)

Двата тима во минатото коло дојдоа до победа по пресврт. Волците се шести и треба да продолжат со добри игри ако сакаат да се борат за излез во Европа. Од друга страна, Сити е во огромна негатива зад Ливерпул во трката за титулата и ќе сака да победи за да ја задржи позитивната традиција која ја има во пресметките со Вулверхемптон. Граѓаните добија шест од последните девет соочувања, а на „Молињу“ не загубиле од 2010 година, но во минатата сезона беше нерешено.

Предлог тип (квота на ден во Sport Life): T2 1+I & 1+ II (2.15)

 

Антверпен – Андерлехт (фудбал, Белгија, 20.30 часот)

По Бриж, Антверпен е можеби најдобриот белгиски тим во моментов, не знае за пораз на последните десет натпревари, а на три од последните пет меча даваше барем три гола. Антверпен нема пораз на свој терен во оваа сезона. Од Андерлехт остана само името. Сезонава се лоши, ретко победуваат (само двапати во последните седум кола) и на гости имаат само две победи сезонава. Од 2004 наваму, Андерлехт само еднаш триумфирал во Антверп.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Бешикташ – Генчлербирлиги (фудбал, Турција, 18.30 часот)

Бешикташ има два порази по ред во лигата, а ако се гледаат сите натпреварувања, „црно-белите“ од Истанбул имаат четири порази во низа. Мора што побрзо да излезат од криза и ова им е шанса. Генчлербирлиги само пред 19 години победил на гости кај Бешикташ. Но гостите се опасни, во минатото коло за малку ќе го победеа водечкиот Сиваспор, кој се извлече од пораз во 96-тата минута.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

Баерн Минхен – Жалгирис (кошарка, Евролига, 20.30 часот)

Жалгирис никогаш не победил во Минхен, последен е на табелата и иако има потенцијал на хартија, не покажува добри резултати, има девет порази едноподруго, но сите со едноцифрена разлика и тешко дека ќе победи против Баварците. И Баерн не блеска, има седум порази на последните десет меча. Веруваме дека Баерн ќе победи, но не со повеќе од осум поени разлика.

Предлог тип: Х 2 -7.50 (1.67)

 

Барселона – Олимпијакос (кошарка, Евролига, 21.00 часот)

Барселона ако победи, ќе се изедначи со Реал и Ефес на врвот. Барселона последниот пораз го претрпе од ЦСКА во 11-тото коло, а Олимпијакос е во долната половина на табелата. Барса во минатата сезона загуби дома од Пирејците и сигурно не го заборавиле тоа. Сезонава Барселона има многу скап и квалитетен состав, па тука единицата треба да се комбинира со претпоставка за број на поени.

Предлог тип: 1 & >167.50 (2.05)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Бешикташ – Генчлербирлиги 1 & 2-4 (2.50)

Антверпен – Андерлехт 1+I & 3+ (2.05)

Вулверхемптон – Манчестер сити Т2 1+I & 1+II (2.15)

- Оглас -

Најнови вести