Бешикташ има марсовец во тимот, црно-белите оригинално го претставија засилувањето од Англија (Видео)

Бешикташ го претстави големото засилување, Бамиделе Џермејн Али, или попознат како Деле Али, кој пристигна во гигантот од Истанбул и имаше интересна презентација на социјалните мрежи.

Пристигна во прекрасната анимација со НЛО како вонземјанин и од него навивачите на Бешикташ очекуваат и така да игра.

Деле Али дојде кај црно-белите од Истанбул како позајмен играч од Евертон и очекува да ја врати некогашната форма со која успеа да собере 37 настапи за англиската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести