Бешикташ не се шегува, испрати понуда до Душан Влаховиќ

Бешикташ продолжува со амбициозната реконструкција на тимот во пресрет на новата сезона. Турскиот гигант веќе постигна договори со Баерн Минхен за ангажман на голманот Александер Нубел и со Арсенал за трансферот на Леандро Тросар.

Следната голема желба на Црните орли е Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец е слободен агент откако му истече договорот со Јувентус, а според информациите, Бешикташ веќе му испратил официјална понуда.

Новиот тренер на турскиот клуб, Винченцо Италијано, инсистира Влаховиќ да биде предводник на нападот во новата сезона. Сепак, српскиот голгетер сè уште не одговорил на понудата бидејќи чека можност за поатрактивен ангажман.

Доколку трансферот на Влаховиќ не се реализира, резервна опција за Бешикташ е Ромелу Лукаку.

- Оглас -

Најнови вести