Бетис стана мајстор за реми, го задржа Реал на „нула“ и им направи услуга на Атлетико и Барселона

Нападот на Реал Мадрид немаше идеја како да го совлада расположениот Клаудио Браво, кој е најзаслужен што Бетис и во четвртото последователно гостување кај Кралевите остана непоразен, по вечерашното реми без голови во мечот од 32-то коло во Ла Лига.

Тимот од Андалузија повторно ги задржаа Кралевите на „нула“, односно без голови заминуваат од шпанската престолнина вторпат во низа, а пред тоа паметат две победи од 0-2 и 0-1. Зидан треба да биде загрижен што неговите фудбалери од март 207 година немаат постигнато гол против оваа екипа, а киксот од вечерва ќе им направи проблеми на Кралевите во шампионската трка против Атлетико и Барселона.

Ниту враќањето на Азар во составот не се забележа, па Реал во последните шест кола ќе влезе со 71 бод, два помалку од лидерот Атлетико со меч повеќе, а додека е пред Барселона која има 68 бода, но и два натпревари помалку.

Бетис со петто реми во последните пет кола стои на шестото место со 50 бода, колку што има и Сосиедад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести