Бил возач на комбе, ѕидар, инсталирал клими, а на 32 години го добил првиот профи договор

Енрик Гаљаго е 33-годишен фудбалер кој само пред една година бил аматер и играл во пониските лиги. Сепак, потоа наеднаш следува голем скок во неговата кариера и сега игра во шпанската Примера дивисион.

Искусниот напаѓач морал многу да се бори за да стигне до нивото на коешто е сега. Постојано имал скромни договори со нисколигаши во Шпанија, па затоа морал да работи и дополнителни работи да заработи доволно пари за да го прехрани своето семејство.

Покрај фудбалот, тој работел и како ѕидар, возач на комбе, како и мајстор за инсталирање клима уреди. Неговата кариера, но и животот нагло му се смениле на подобро во јануари 2019 година. Гаљаго го купи тимот на Уеска за сума од два милиони евра и во професионалниот фудбал дебитираше на 31 година и 11 месеци.

Шест месеци потоа следува нов голем трансфер на Гаљаго. Хетафе за неговите услуги плати шест милиони евра, а тој договор му го смени животот. Освен тоа што дебитираше во Примера дивисион, беше дел и од Лигата на Европа.

Приказната за Енрик Гаљаго е вистински мотив за ниту еден играч да не се откаже предвреме.

 

- Оглас -

Најнови вести